На Филипини се случи тешка несреќа откако се урна депонија во близина на градот Себу, предизвикувајќи лавина од отпад што ја затрупа блиската населба Биналиw. Во инцидентот загина едно лице, додека 38 лица се водат како исчезнати, јавува Sky News. Повредени се најмалку 12 лица.
Несреќата се случила вчера попладне по локално време, по што градските власти на Себу веднаш испратиле спасувачки тимови, брза помош и тешка механизација. Потврдено е дека една жена им подлегнала на повредите на пат кон болница, а се проценува и материјалната штета на околните објекти.
Спасувачката акција се одвива во исклучително опасни услови. Според градскиот советник Џоел Гарганера, отпадот е нестабилен и постои постојан ризик од ново урушување, додека токсичниот воздух претставува сериозна закана за заробените лица и за спасувачите.
Очевидци сведочат дека урушувањето се случило ненадејно, без претходно предупредување. Вработени на депонијата наведуваат дека со години укажувале на ризикот поради огромната количина насобран отпад. Дел од лавината погодил и магацин за селекција на рециклирачки материјали, а сè уште се утврдува дали се оштетени и околните куќи.
Компанијата Prime Waste Solutions Cebu, која управува со депонијата, соопшти дека безбедноста на вработените и локалното население е нивен приоритет, додека градоначалникот на Себу, Нестор Арчивал, потврди дека потрагата по исчезнатите продолжува со засилени мерки на претпазливост.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












