Маж од Богданци е лишен од слобода откако со остар предмет смртно ја повредил својата мајка, по што самиот се пријавил во полиција. Настанот се случил во саботата навечер, а трагедијата завршила со фатален исход за 58-годишната жена.
Како што соопштија од Министерство за внатрешни работи, на 12 јануари 2026 година, во Полициската канцеларија во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле П.С. (39) од Богданци. Според официјалните информации, претходно, околу 21 часот, во станот во кој престојувале дошло до вербална расправија меѓу него и неговата мајка М.С. (58), која ескалирала во физичка пресметка.
Во текот на конфликтот, П.С. со остар предмет ѝ нанел повеќе убодни рани во пределот на главата, од кои жената подоцна починала. По настанот, осомничениот сам се јавил во полиција и се пријавил за стореното дело. Случајот е целосно расчистен, а по наредба на јавен обвинител се преземаат понатамошни мерки за кривично гонење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












