Против малолетник од тетовско ќе биде поднесена кривична пријава откако бил затекнат со наркотична дрога. Случајот го евидентирале полициски службеници од СВР Тетово, кои постапувале по редовни полициски активности на подрачјето на градот.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, кривичната пријава е поднесена против 17-годишник од селото Требош, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Инцидентот се случил на 12 мај 2025 година во Тетово, кога полициски службеници извршиле преглед над малолетникот и при тоа пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, пријавата ќе биде доставена до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












