Универзитетската професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска се нови членки на Судски совет, откако попладнево беа избрани со апсолутно мнозинство гласови на седница на Собрание на Република Северна Македонија.
Изборот беше извршен во рамки на 80. седница на Собранието. Кадри-Шахиновиќ доби поддршка од 63 пратеници, 15 гласаа против, а еден беше воздржан. За Јошевска-Анастасовска гласаа 72 пратеника „за“, осум беа против, а еден се изјасни како воздржан.
Двете нови членки се избрани на предлог на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Тие ќе бидат дел од телото кое ја оценува работата на судовите, како и кое врши избор, оценување и разрешување на судии и претседатели на судови.
Претседателката Сиљановска-Давкова лично присуствуваше на седницата и ги образложи причините за нејзиниот избор на кандидатките. Нејзиниот потег беше поздравен од претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој оцени дека ваквиот пристап треба да стане пракса за сите функционери што предлагаат закони или носители на јавни функции.
Сиљановска-Давкова, пак, истакна дека нејзиното присуство и обраќање е во согласност со духот на новиот Закон за Судскиот совет и заложбите за поголема транспарентност и отчетност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












