Вчера во 16:10 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека од железнички мост на Мрзенска Река, на локација позната како „Авлаќ“, непознат сторител извршил кражба на бакарни кабли. Кражбата се случила во периодот меѓу 13:30 и 14:30 часот, на мост на кој се одвива активен железнички сообраќај.
Според пријавата, сторителот исекол и одзел два бакарни кабли со должина од 60 и 12 метри. Надлежните служби преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












