Осум европски земји издадоа заедничка изјава како одговор на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување или зголемување на царини кон земјите кои не ја поддржуваат неговата намера за преземање на контрола над Гренланд.
Во заедничката изјава, потпишана од Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, се истакнува дека ваквите мерки го поткопуваат трансатлантското партнерство.
– Цврсто стоиме зад Кралството Данска и народот на Гренланд. Подготвени сме да се вклучиме во дијалог базиран на принципите на суверенитет и територијален интегритет, се наведува во соопштението.
Државите потсетуваат дека ќе останат „обединети и координирани“ и дека се посветени на заштита на својот суверенитет.
– Како членки на НАТО, сме посветени на зајакнување на безбедноста на Арктикот, кој е заеднички трансатлантски интерес, се додава во изјавата.
Исто така, се нагласува дека неодамнешната данска воена вежба „не претставува закана за никого“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












