• Импресум
Monday, June 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија се бореше до крај, реми со Португалија и неизвесност пред Романија

18/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Данска со убедлива победа, Македонија со солиден отпор

Невидена драма во Хернинг и реми што остава горчлив вкус. Македонската ракометна репрезентација одигра 29-29 против силната Португалија, резултат што тешко ќе биде доволен за пласман во главната рунда. Последниот натпревар од групната фаза Македонија ќе го одигра на 20 јануари против Романија.

Средбата почна охрабрувачки за избраниците на Кире Лазаров. Со цврста одбрана и сигурен голман, Македонија поведе со 4-2 во шестата минута, но не ја искористи шансата за повисока предност. Исклучувањето на Стојковиќ и техничка грешка овозможија Португалија брзо да израмни на 4-4.

Се играше израмнето, гол за гол, а Македонија до 13. минута имаше минимално водство. По недоразбирање во нападот, противникот поведе со 7-6, но Павле Атанасијевиќ израмни на 7-7. Во тие моменти следуваше нов удар за нашиот тим – Никола Маркоски доби црвен картон, а селекторот Лазаров веќе претходно остана без Џонов и Петар Атанасијевиќ поради повреди.

И покрај тоа, Македонија продолжи рамноправно. Кузмановски од седум метри донесе водство од 10-9, но во завршницата на првото полувреме следуваше пад во нападот. Португалија го искористи тоа и поведе со 12-14, а серијата продолжи и по паузата за највисоки +5 (13-18).

И кога изгледаше дека мечот оди во еден правец, Македонија покажа карактер. Со подобра одбрана, голови на Павле Атанасијевиќ и Стојковиќ и важни интервенции на Митревски, разликата почна да се топи. Во 40. минута беше 17-22, а неколку минути подоцна веќе 20-22.

Клучниот момент дојде по 50. минута. На крилјата на Томовски и капитенот Кузмановски, Македонија направи серија од 3-0 и израмни на 26-26 на пет минути до крајот. Се влезе во драматична завршница. При резултат 27-28, по ВАР-преглед, досуден беше седум метри за Македонија и исклучување за Португалија – Кузмановски беше прецизен за 28-28.

На две минути до крајот Велковски погоди за 29-29. Португалија го имаше последниот напад, Томовски запиша две клучни одбрани, но Македонија не успеа да реализира контранапад. На крајот – реми, резултат што остава надеж, но и многу дилеми пред последниот натпревар во групата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен
Вести

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Ликвидација во белградско кафуле: Убиен Дарко Весковиќ, едно лице тешко рането

22/06/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

МВР трага по сторител кој ограбил аптека во Скопје

22/06/2026
Почина 16-годишното момче застрелано од полицаец при полициска потера во Солун
Вести

Две момчиња починаа среде екстремен топлотен бран во Франција

22/06/2026
Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“
Вести

Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

22/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,28 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

22/06/2026
Следна вест
Лазаров: Данска е врвна селекција, ние извлекуваме поуки

Лазаров: Загубивме многу енергија, но Македонија останува во борба

Најнови вести

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Ликвидација во белградско кафуле: Убиен Дарко Весковиќ, едно лице тешко рането

22/06/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

МВР трага по сторител кој ограбил аптека во Скопје

22/06/2026
Почина 16-годишното момче застрелано од полицаец при полициска потера во Солун

Две момчиња починаа среде екстремен топлотен бран во Франција

22/06/2026
Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

Општина Битола утре го организира вториот граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“

22/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,28 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.