СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од селото Лескоец, охридско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.
Според полицијата, инцидентот се случил на 30 декември 2025 година околу 1 часот по полноќ, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада. Осомничениот со огнено оружје пукал кон паркиран патнички автомобил „голф“, при што тешко го повредил возачот Џ.Д.П. (40) од Охрид. Повредите му биле констатирани во Општата болница во Струга.
По пукањето, пријавениот со сериозни закани ја принудил сопатничката од возилото да влезе во неговиот автомобил, по што се оддалечил од местото на настанот.
Против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












