Производителите и дистрибутерите на храна утре ќе седнат на заедничка маса со претставници на Владата, каде ќе се разговара за формирањето на продажните и набавните цени.
Средбата следува по двете контроли спроведени од пазарните инспектори, кои покажале дека, иако во моментов цените на прехранбените производи се стабилни, во одредени периоди имало разлики меѓу движењето на набавните и крајните цени.
Според утврденото, во некои случаи цените на полиците растеле побрзо од набавните цени, поради зголемени бруто профитни маржи. Било констатирано и дека во одреден период, и покрај намалувањето на набавните цени, крајните цени за потрошувачите останале непроменети.
Од Министерството за економија и труд повторија дека во услови на глобална економска неизвесност очекуваат компаниите да покажат поголема општествена одговорност.
„На состанокот ќе разговараме за целиот синџир на набавка, од набавните цени до крајната цена за потрошувачите. Очекуваме апелот на Министерството за економија да биде слушнат и во иднина да нема вакви отстапки“, информираат од Министерството.
На средбата се очекува да бидат разгледани сите фактори кои влијаат врз цените на производите, со цел поголема транспарентност во целиот процес од производителот до крајниот купувач.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












