Полицијата денеска привела 62-годишен возач од Прилеп кој на автопатот Велес–Скопје управувал товарно возило под дејство на алкохол и вршел вонгабаритен превоз без соодветно одобрение.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека контролата била извршена околу 08:40 часот, при што било запрено товарно возило „Волво“ со прилепски регистарски ознаки.
При проверката било утврдено дека возачот превезувал работна машина – дигалка широка 275 сантиметри, без дозвола за вонреден превоз. Дополнително, алкотестот покажал присуство на 1,81 промили алкохол во крвта.
Против К.З. (62) ќе бидат преземени соодветни законски мерки за безобѕирно управување со моторно возило, како и прекршочни санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата поради превоз над дозволените габарити без потребна дозвола.
Одговорност ќе има и правното лице, како и одговорното лице во компанијата, против кои ќе биде поведена прекршочна постапка.
МВР најави дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во следниот период на целата територија на државата, со цел откривање и санкционирање на несовесните учесници во сообраќајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












