До 18 часот денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен останува пожарот во Општина Старо Нагоричане, на потегот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума.
Под контрола се пожарите во Општина Василево, кај селото Доброшинци, каде што гори депонија, како и во Општина Босилово, кај селото Штука, каде што огнот зафатил депонија и нискостеблеста шума.
Во меѓувреме, пожарникарите успеале целосно да изгаснат пет пожари. Тие биле регистрирани покрај автопатот Тетово–Гостивар, во близина на селото Врбјаниште во Општина Гостивар, каде што горела ниска вегетација, како и во Општина Новаци, покрај локалниот пат кон месноста Ергела, кај ФЕЦ Новаци, каде што бил зафатен простор со ниска вегетација.
Изгаснати се и пожарите во атарот на селото Бели во Општина Кочани, каде што гореле сува трева и диви депонии, на улицата „Мајка Тереза“ во Струмица, како и на улицата „Западен Булевар“ во Кавадарци, каде што биле зафатени сува трева и хаварисани возила.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












