Во храмот „Света Недела“ во скопско Смилковци денеска се одржа свечен црковно-народен собир по повод празникот на Света великомаченица Недела, кој собра голем број верници.
Храмот беше исполнет со верници кои присуствуваа на светата богослужба и упатија молитви за здравје, мир, љубов и благосостојба. По верскиот дел од чествувањето следуваше народна прослава, збогатена со македонски песни и традиционални ора.
Од храмот беше испратена порака дека Света Недела е симбол на непоколеблива вера, храброст и духовна истрајност. Според црковното предание, и покрај тешките страдања што ги претрпела поради својата вера во Христос, таа останала верна до крајот, оставајќи силен пример за пожртвуваност и верност кон Бога.
Верниците се помолија Света Недела да ги благослови нивните домови со здравје, мир и слога, а празникот уште еднаш ги обедини граѓаните во духот на православната вера, традицијата и заедништвото.
На одбележувањето присуствуваа и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












