• Импресум
Monday, July 20, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Комерцијална банка повторно најтргувана акција на Македонската берза

19/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Македонската берза во првите шест месеци од 2026 година оствари промет од 2,12 милијарди денари преку класично тргување, што изнесува околу 34,5 милиони евра. Сепак, полугодишниот извештај покажува забавување на пазарната активност, бидејќи прометот е намален за 31,34 проценти во споредба со истиот период лани.

Во периодот од јануари до јуни биле реализирани 8.641 трансакции, што претставува пад од 25,66 проценти во однос на првата половина од 2025 година.

Најтргувана акција и понатаму е Комерцијална банка АД Скопје, со промет од 839,4 милиони денари. Следуваат Алкалоид АД Скопје со 392,7 милиони денари, Македонски Телеком АД Скопје со 193,2 милиони денари, Макпетрол АД Скопје со 166,3 милиони денари и НЛБ Банка АД Скопје со 165,7 милиони денари.

Овие компании и натаму се меѓу најликвидните на македонскиот пазар на капитал.

Главниот берзански индекс МБИ10 во првата половина од годината се намали за 9,88 проценти, што укажува на пад на вредноста на најголемите и најтргуваните компании на Берзата.

Најголем раст на цената на акциите остварија РЖ Техничка контрола со 16,92 проценти, Адинг Скопје со 14,46 проценти и Попова Кула Демир Капија со 12,5 проценти.

Од друга страна, најголем пад забележаа Македонијатурист со 28,91 проценти, Макошпед со 25,32 проценти и ВВ Тиквеш со 24,12 проценти.

Иако класичното тргување бележи пад, блок-трансакциите покажуваат сосема поинаков тренд. Во првите шест месеци од 2026 година биле реализирани блок-зделки во вредност од 2,4 милијарди денари, што претставува раст од дури 216 проценти во однос на истиот период минатата година.

Податоците укажуваат дека институционалните инвеститори остануваат активни, и покрај претпазливоста што ја покажува редовниот пазар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Двајца пријавени за полов напад врз 32-годишна жена кај Лисиче

20/07/2026
Д-р Пановски вели дека со Омикрон варијантата за шест месеци на пандемијата ќе и дојде крај
Вести

Ако пациент почине поради сокриени резултати, би следувале тужби против Обвинителството и здравствените власти, кажа микробиологот Пановски

20/07/2026
Македонската полиција во голема акција, уапсени 5 лица од 3 држави
Вести

Тринаесет лица лишени од слобода во акција против дилерите на дрога

20/07/2026
Верификувани мандатите на осум нови пратеници
Вести

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

20/07/2026
Горјана Стојановска вечерва со концерт во црквата „Света Софија“
Вести

Горјана Стојановска вечерва со концерт во црквата „Света Софија“

20/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Пратениците расправаат за нови закони за високото образование

20/07/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за понеделник, 25 декември 2023 година

Љубовта тропа на врата: Овие знаци ги очекува романтично лето

Најнови вести

Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Двајца пријавени за полов напад врз 32-годишна жена кај Лисиче

20/07/2026
Д-р Пановски вели дека со Омикрон варијантата за шест месеци на пандемијата ќе и дојде крај

Ако пациент почине поради сокриени резултати, би следувале тужби против Обвинителството и здравствените власти, кажа микробиологот Пановски

20/07/2026
Македонската полиција во голема акција, уапсени 5 лица од 3 држави

Тринаесет лица лишени од слобода во акција против дилерите на дрога

20/07/2026
Верификувани мандатите на осум нови пратеници

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

20/07/2026
Горјана Стојановска вечерва со концерт во црквата „Света Софија“

Горјана Стојановска вечерва со концерт во црквата „Света Софија“

20/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Пратениците расправаат за нови закони за високото образование

20/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.