Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за борба против недозволената трговија со дрога, изминатиот викенд беа спроведени координирани акции на повеќе локации низ државата.
При акцијата биле извршени 13 претреси, контролирани 197 возила и извршени проверки на 295 лица. Како резултат на преземените мерки, од слобода биле лишени 13 лица.
Полициските службеници при акциите пронашле и одзеле 79 пакувања со наркотични материи, како и пиштол „Глок 17“ со соодветна муниција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат континуираните активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, откривање на сторителите и разбивање на криминалните структури, со цел поголема безбедност на граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












