СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П. (35) од Струга и К.Т. (47) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама и злоупотреба на лични податоци.
Според пријавата, осомничените довеле во заблуда едно лице од општина Карбинци, при што со лажно прикажување на факти успеале да ги обезбедат нејзините лични податоци и бројот на банкарска сметка. На 25 јуни 2025 година тие аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво на име на оштетената.
Откако средствата биле префрлени на нејзината сметка, пријавените ја контактирале со образложение дека станува збор за грешка и побарале таа да ги повлече парите и да ѝ ги предаде на второпријавената.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












