Владата ја споделува загриженоста на граѓаните околу цените. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски осврнувајќи се денеска на цените во маркетите.
„Глобалните движења, енергетските шокови и нестабилностите влијаат врз пазарите. Но, тоа не смее да биде алиби за неоправданите маржи и прекумерни профити на грбот на граѓаните. Пазарната економија значи слобода на трговија, но не значи без контрола. Потрошувачот мора да биде заштитен”, истакна премиерот.
Тој најави продолжување на засилениот мониторинг на цените на основните прехранбени производи и анализата на трговските маржи.
„Немаме право да дозволиме нечесноста да биде попрофитабилна од чесноста. Немаме право да дозволиме граѓаните да плаќаат повеќе поради нечии шпекулативни практики“, додаде Мицкоски, објаснувајки дека ќе бидат цврсти и праведни.












