• Импресум
Friday, July 10, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

МАНУ: Македонија од 2017-та година е понижена држава, со политиките во последниот период се удира врз македонската историја

08/10/2021
Време за читање: 1 минути
A A
МАНУ: Македонија од 2017-та година е понижена држава, со политиките во последниот период се удира врз македонската историја

Периодот на владеење од 2017-та година до денес, најдобро се карактеризира според мое мислење, со синтагмата понижена држава.

Вака првиот човек на највисоката научна установа во Македонија, ја оценува состојбата во државата минативе четири години. Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, вели со политиките последниов период директно се удира врз македонските национални интереси и македонската историја, која што се менува по барање на други. Коцарев порачува дека доколку ја изгубиме нацијата, воопшто нема да има ентитет кој би се интегрирал во Европската унија.

-Понижувањето се предизвикани и од домашни и од надворешни потреби, а сите имаат заеднички атрибут владеење. Ова е време кога владејачките елити се впуштија во друга крајност, национален инженеринг преку бришење на сите одлики на современата македонска нација, со образложение дека тоа е услов за европска интеграција, изјави Коцарев.

Првиот човек на МАНУ оценува дека македонската политичка елита го има хибрис синдромот. Кој претставува прикажување на лице како месија, односно тенденција кон величење кај самиот себе, идентификација на сопствената личност со државата, како и претерана верба во себе и во личните можни постигнувања, често се граничи со чувството на семоќност.

-Властодршците, не само во Македонија, без јавна контрола, многу брзо пројавуваат симптоми на синдромот хибрис, стекнато нарушување на личноста. Лицата со овој синдром ги имаат следните одлики: нарцисоидност, ароганција, некомпетентност за носење геострашки одлуки и за креирање политики, изјави Коцарев.

Академик Катица Ќулавкова е на ставот дека мора да се поставиме со поцврст став кон источниот сосед. Според неа јасно е што Бугарија бара, односно да признаеме дека македонскиот јазик и историја се бугарски, нешто што не можеме да го прифатиме. Порачува дека е против внесувањето на Бугарите во македонскиот устав, а доколку бидат внесени, би требало да се бара реципроцитет.

-Плус во Бугарија знаеме дека има над 2 и пол милиони македонска имиграција, која се иселувала од Македонија во 17-ти, 18-ти, 19-ти век, па и во 20-ти век. Значи де факто имаме по квантитет огромна македонско население во Бугарија и Бугарија одбива да го признае, оти не сака да го менува Уставот. Доколку би имало некаков реципроцитет, тоа би требало да биде предмет на договор, изјави Ќулавкова.

Содржината продолжува после огласот

“Ослободете се од простатитисот и срамот во кревет, ЗА 7 ДЕНА ЖИВОТОТ ЌЕ ВИ СЕ ПРОМЕНИ!”
Sponosored by MonadPlug
Коцарев упати критики до сите владејачки гарнитури кои досега ја воделе државата. Додека сегашната според него ја направила Македонија понижена држава, претходната ја направила заробена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вести

Ѓоковиќ без одговор за моќниот Синер на Вимблдон

10/07/2026
Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон
Вести

Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

10/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Петер Маѓар: Конечно се ослободуваат милијардите од европските фондови

10/07/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена
Вести

Нова акција на Обвинителството: Приведени лекари во случајот со ботоксите

10/07/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Вести

Внесовте алкохол во студентски дом? Следува иселување и забрана од 5 години

10/07/2026
По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово
Вести

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
Следна вест
СОЛАРНАТА ЦЕНТРАЛА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО НОЕМВРИ Енергија ќе добијат 2.000 семејства

СОЛАРНАТА ЦЕНТРАЛА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО НОЕМВРИ Енергија ќе добијат 2.000 семејства

Најнови вести

Ѓоковиќ без одговор за моќниот Синер на Вимблдон

10/07/2026
Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

10/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Петер Маѓар: Конечно се ослободуваат милијардите од европските фондови

10/07/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

Нова акција на Обвинителството: Приведени лекари во случајот со ботоксите

10/07/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври

Внесовте алкохол во студентски дом? Следува иселување и забрана од 5 години

10/07/2026
По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.