Четворица турски државјани се лишени од слобода во Скопје поради сомнение дека учествувале во инцидент во кој бил нападнат 20-годишен доставувач.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, ноќеска околу 01:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле О.А. (21), А.Ф.Е. (21), Т.А.Б. (22) и А.И.О. (24), сите државјани на Турција.
Приведувањето следувало по пријава добиена на 24 мај околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија во сообраќајот, осомничените најпрво со патничко возило „ауди“ удриле во мотор управуван од Ф.М. (20) од Скопје, кој во моментот извршувал работни задачи како доставувач.
По судирот, според пријавата, тие физички го нападнале младиот скопјанец.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничените лица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












