Раководството на Милан донесе одлука за големи промени по разочарувачкиот крај на сезоната, при што клубот се разделува со тренерот Масимилијано Алегри, како и со неколку клучни луѓе во спортскиот сектор.
Покрај Алегри, си заминуваат и извршниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Џефри Монкада.
Од клубот соопштија дека и покрај добриот дел од сезоната и борбата за Скудето, падот во финишот бил клучен за ваквата одлука.
Италијанските медиуми пренесуваат дека меѓу главните кандидати за нов тренер се Антонио Конте и Роберто Де Зерби.
Сопствениците РедБирд Капитал Партнерс, според информациите, ја донеле конечната одлука поради незадоволство од резултатите и насоката на проектот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












