Министерството за внатрешни работи информираше дека воведува Кодекс за облекување за сите вработени и граѓани кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи.
Како што соопштија од МВР, целта е да се зачува професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит во службените простории.
„Како институција која постојано им служи на граѓаните, сметаме дека соодветното облекување придонесува за подобра работна атмосфера и поголема почит кон државните институции“, наведуваат од Министерството.
Оттаму апелираат граѓаните при доаѓање за подигнување лични документи, пасоши и други административни услуги да внимаваат нивниот изглед да биде во согласност со општоприфатените норми за јавни институции.
Воедно, од МВР посочуваат дека и вработените во Одделот за граѓански работи ќе имаат обврска доследно да го почитуваат утврдениот кодекс на облекување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












