По повод Светскиот ден без тутун, Министерството за здравство, заедно со Институтот за јавно здравје и Светската здравствена организација, се приклучи на глобалната кампања посветена на борбата против зависноста од никотин и тутун.
Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека во соработка со здравствените институции и локалните власти веќе се спроведуваат активности за зајакнување на услугите за откажување од пушење на локално ниво.
Тој посочи дека Министерството ја ажурирало есенцијалната листа на лекови и за првпат во неа се вклучени средства за одвикнување од пушење, меѓу кои никотински фластери и никотински гуми за џвакање.
Според Алиу, целта е овие производи да станат подостапни за граѓаните, да бидат препознаени од јавноста и да можат полесно да се препишуваат од матичните лекари.
Паралелно со тоа, Министерството работи и на нов закон за заштита од употреба на тутунски и сродни производи, кој ќе биде усогласен со европските стандарди и ќе овозможи долгорочна заштита на јавното здравје.
Од Министерството посочуваат дека активностите продолжуваат во партнерство со Светската здравствена организација и Институтот за јавно здравје, со фокус на подигнување на јавната свест, зголемување на достапноста на советувалиштата за откажување од пушење и континуирана поддршка за граѓаните, особено за младите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












