Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се клучни процентите, туку квалитетот, нагласувајќи дека очекува поддршка од сите пратеници.
Тој додаде дека државата се гради преку меѓусебна поддршка и соработка, а во однос на правосудниот испит посочи дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, оценувајќи дека одредени политички субјекти се обидуваат да создадат етнички тензии таму каде што не постојат.
„Во врска со испитот по право, ако го прочитате законот, ќе видите дека не е прецизирано на кој јазик се полага испитот, туку тоа го уредува министерот. Колку министри за правда беа од вашата коалиција, зошто тоа не го регулираа? Затоа што сте лицемери, затоа што сте патриоти од Али Експрес кога сте во опозиција, а во влада промовирате други политики. Во опозиција создавате етнички конфликт таму каде што го нема“, рече Мицкоски одговарајќи на пратеникот од Европскиот фронт, Скендер Реџепи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












