• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Филипче: Реформската агенда не е исполнета, се потврди уште една голема лага на Мицкоски

01/06/2026
A A
Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати остри критики кон Владата и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за неисполнување на обврските од Реформската агенда и за, како што рече, намерно забавување на европскиот пат на државата.

Според Филипче, 1 јуни е датумот до кој Владата требало да ги исполни преостанатите обврски од реформскиот пакет, но резултатите, како што оцени, покажуваат „катастрофална реализација“.

Тој посочи дека од вкупно 16 закони кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, биле усвоени само шест, по што Европската Унија го продолжила рокот за останатите десет закони до јуни 2026 година. Но, според Филипче, и во продолжениот рок биле донесени само два закона.

„И се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски. Така дојде на власт со лаги, така и владее“, изјави Филипче.

Тој наведе дека меѓу законите кои, според него, сè уште не се усогласени со европските барања се Законот за Судски совет, Законот за електронски комуникации, законите од енергетскиот сектор, како и повеќе прописи поврзани со правосудството и финансиската транспарентност.

Филипче ја обвини Владата дека се обидува да ја доведе во заблуда Европската Унија преку формално носење закони без целосно спроведување на препораките од европските институции.

„Законот за Судски совет не е донесен согласно препораките на Оценската мисија. Донесен е повторно на начин кој ѝ одговара само на власта“, рече тој.

Лидерот на опозицијата предупреди дека во моментов има уште 33 закони кои треба да бидат донесени до крајот на 2026 година, а дел од нив сè уште не се ниту поднесени во процедура.

Меѓу нив ги наброја законите за обновливи извори на енергија, управување со државни претпријатија, заштита на конкуренцијата, контрола на државната помош, судови, јавни обвинителства, Изборниот законик, Кривичниот законик, климатска акција и животна средина.

Филипче оцени дека Владата нема вистинска намера да ги спроведе реформите затоа што, според него, не сака владеење на правото и претпочита нетранспарентно задолжување наместо користење европски средства кои подлежат на строга контрола.

Во своето обраќање тој повторно го отвори прашањето за уставните измени, оценувајќи дека тие се единствениот начин за продолжување на европскиот процес.

„Се знае кој е патот напред, патот напред се уставните измени. Ако го испуштиме овој воз, ако ја испуштиме оваа можност, можеби следна можност нема да има“, изјави Филипче.

На крајот, тој ја повика Владата да распише референдум и граѓаните директно да се изјаснат дали сакаат продолжување на евроинтеграциите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби
Вести

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа
Вести

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Возачот на брза помош од Врање во тешка состојба, уапсен Македонецот кој го прегазил со камион

22/07/2026
Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици
Вести

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Вести

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Следна вест
13-годишник со „бмв“ се судри со автомобил, две лица со тешки повреди во болница

Сообраќајка кај Велес: Возило излетало од коловоз, возачот со тешки повреди

Најнови вести

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож

Возачот на брза помош од Врање во тешка состојба, уапсен Македонецот кој го прегазил со камион

22/07/2026
Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.