• Импресум
Thursday, June 4, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

По две децении барања, Бутел добива нова пешачка зона покрај Серава

04/06/2026
A A
По две децении барања, Бутел добива нова пешачка зона покрај Серава

Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна со реализација на значаен инфраструктурен проект кој опфаќа изградба на пешачка патека и чистење и уредување на коритото на реката Серава во населбата Бутел 1. Станува збор за долгогодишно барање на граѓаните, кое по повеќе од две децении конечно влегува во фаза на реализација.

Од локалната самоуправа информираат дека активностите се одвиваат со забрзана динамика и дека проектот има за цел целосно трансформирање на просторот покрај реката во безбедна, уредена и функционална зона за движење и рекреација на граѓаните.

Проектот предвидува изградба на нова пешачка патека во должина од 1.590 метри, која ќе биде опремена со современо јавно осветлување, нови урбани содржини и клупи за одмор. Дополнително, ќе се изврши и хортикултурно уредување на целиот потег, со што просторот ќе добие значително поуреден и естетски подобрен изглед.

Како дел од интервенциите, ќе се спроведе и темелно чистење на коритото на реката Серава, со што се очекува подобрување на еколошката состојба во овој дел од општината, како и зголемување на безбедноста при поголеми врнежи.

Посебен акцент во проектот е ставен и на најмладите, па покрај патеката ќе бидат изградени и нови детски игралишта, кои ќе овозможат дополнителни содржини за рекреација и забава на децата од населбата.

Од Општина Бутел нагласуваат дека овој проект претставува едно од најголемите вложувања во инфраструктурата и јавните простори во последните години, со цел создавање поквалитетни услови за живеење и уредена урбана средина за сите жители.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкендија во последниот напад прими гол и мора да се задоволи само со бод против Јагелонија
Вести

Ако ФФМ не ја промени одлуката, ќе го напуштиме фудбалот во Македонија, се заканија од Шкендија

04/06/2026
Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера
Вести

Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

04/06/2026
Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер
Вести

Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

04/06/2026
Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче
Вести

Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

04/06/2026
Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос
Вести

Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

04/06/2026
Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН
Вести

Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

04/06/2026
Следна вест
Правен спор меѓу Манчестер Сити и Реал поради изјави за трансфери

Правен спор меѓу Манчестер Сити и Реал поради изјави за трансфери

Најнови вести

Шкендија во последниот напад прими гол и мора да се задоволи само со бод против Јагелонија

Ако ФФМ не ја промени одлуката, ќе го напуштиме фудбалот во Македонија, се заканија од Шкендија

04/06/2026
Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

04/06/2026
Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

04/06/2026
Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

04/06/2026
Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

04/06/2026
Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

04/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.