Македонија денеска ќе биде под влијание на циклонска активност од Турција, што ќе донесе нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозите, на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност, а локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе бидат проследени со пороен дожд, силен ветер и појава на град. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 28 до 36 степени.
Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и појава на дожд, грмежи и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 33 степени.
Нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови, со повремени врнежи, грмежи и засилен ветер. Во четврток се очекува изолирана појава на пороен дожд и грмежи, додека од петок следува стабилизација на временските услови.
Од крајот на работната недела се очекува претежно сончево и потопло време, со постепен пораст на дневните температури кои повторно ќе го надминат 30-тиот степен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












