Детското игралиште „Патрик“ во Општина Аеродром беше сериозно оштетено во вандалски инцидент што се случил вчеравечер, кога група млади лица предизвикала значителна материјална штета.
По настанот, градоначалникот Дејан Митески изврши увид на локацијата и истакна дека станува збор за едно од најубаво уредените детски катчиња во општината, наменето за игра, дружење и безгрижно детство. Според првичните процени, причинетата штета изнесува повеќе илјади евра.
Екипите на Општина Аеродром веднаш излегле на терен, а од безбедносни причини игралиштето е привремено затворено. Од општината најавуваат дека во најкус можен рок ќе започне целосна санација и замена на оштетените реквизити со нови.
Случајот е пријавен во полиција и против сторителите се поднесени соодветни пријави.
„Ваквото однесување не смее да остане неказнето, затоа што станува збор за свесно уништување на имот што им припаѓа на сите граѓани“, порачаа од Општина Аеродром.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











