Речиси 7.000 лица се спасени по двата разорни земјотреси и стотиците последователни потреси што ја погодија Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, презентирајќи нов официјален извештај за размерите на катастрофата.
Според податоците, спасени се 6.462 лица, додека помош добиле 86.794 семејства. Во спасувачките и хуманитарните операции биле ангажирани 27.482 волонтери.
Владата соопшти дека по силните земјотреси од 24 јуни биле регистрирани 995 последователни потреси. Во катастрофата се оштетени 856 објекти, од кои 190 целосно се урнале, а без покрив над главата останале 17.345 лица.
Најновиот биланс покажува дека бројот на загинати достигнал 3.342, додека 16.740 лица се повредени. Медицинските екипи, според властите, досега пружиле здравствена помош на 23.820 пациенти.
За справување со последиците од катастрофата, во погодените подрачја се распоредени 29.567 војници. Истовремено, дистрибуирани се 9.585 тони храна и 669.008 литри вода, а отворени се 79 привремени засолништа за лицата кои останале без дом.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












