• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Германскиот стратег ја продолжува мисијата до Евро 2028

16/07/2026
A A
Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата

Томас Тухел ќе ја има поддршката од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство.

Британските медиуми пренесуваат дека германскиот стратег останува на селекторската позиција и се очекува да ја предводи Англија и на Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи на домашен терен.

Англија во полуфиналето загуби од Аргентина со 2:1, откако имаше водство од 1:0, а Тухел се најде под критики поради одлуките во завршницата на натпреварот и дефанзивниот пристап по постигнатиот погодок.

Сепак, селекторот порача дека тимот продолжува според договорот и дека главниот фокус ќе биде насочен кон следниот голем предизвик.

„Продолжуваме според договорот до Европското првенство кое ќе се одржи на домашен терен. Во моментов е тешко да се размислува толку далеку, бидејќи разочарувањето е големо. Но, многу големи репрезентации беа елиминирани пред полуфиналето, а и ова е успех. Секако, очекувавме повеќе и секогаш сакаме да одиме до крај“, изјави Тухел.

Германскиот тренер ја презеде англиската репрезентација во јануари 2025 година, а во февруари годинава потпиша нов двегодишен договор со ФА, со задача да се обиде да ја донесе светската титула во Англија.

Извршниот директор на ФА, Марк Булингам, даде целосна поддршка за селекторот и тимот.

„Многу боли кога сте толку блиску до финалето. Играчите, Томас и целиот стручен штаб дадоа сè од себе во текот на турнирот. Благодарност до сите, како и до нашите навивачи кои беа фантастични и во САД и дома“, изјави Булингам.

Англија сега ќе го одигра натпреварот за третото место против Франција. Во случај на победа, „Гордиот Албион“ би го освоил првиот бронзен медал во историјата на настапите на светските првенства.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верифицирани мандатите на 118 пратеници
Вести

Истече рокот за Изборниот законик, партиите не постигнаа договор

16/07/2026
Доминација на Џејмс за пласман во следната рунда
Вести

Кливленд, Мајами и Филаделфија главни фаворити за Леброн

16/07/2026
Земјотрес во Македонија
Вести

Потрес од 5,9 степени регистриран на Јужниот Остров

16/07/2026
Сиљановска-Давкова: Германија е важен партнер во реформите и развојот
Вести

Сиљановска-Давкова: Германија е важен партнер во реформите и развојот

16/07/2026
Ревизорите открија милионски долгови и пропусти во ПОЦ
Вести

Ревизорите открија милионски долгови и пропусти во ПОЦ

16/07/2026
Војдан Стојановски: Нема лесни натпревари, мора да одиме чекор по чекор
Вести

Војдан Стојановски: Нема лесни натпревари, мора да одиме чекор по чекор

16/07/2026
Следна вест
Ревизорите открија милионски долгови и пропусти во ПОЦ

Ревизорите открија милионски долгови и пропусти во ПОЦ

Најнови вести

Верифицирани мандатите на 118 пратеници

Истече рокот за Изборниот законик, партиите не постигнаа договор

16/07/2026
Доминација на Џејмс за пласман во следната рунда

Кливленд, Мајами и Филаделфија главни фаворити за Леброн

16/07/2026
Земјотрес во Македонија

Потрес од 5,9 степени регистриран на Јужниот Остров

16/07/2026
Сиљановска-Давкова: Германија е важен партнер во реформите и развојот

Сиљановска-Давкова: Германија е важен партнер во реформите и развојот

16/07/2026
Ревизорите открија милионски долгови и пропусти во ПОЦ

Ревизорите открија милионски долгови и пропусти во ПОЦ

16/07/2026
Тухел не е задоволен и покрај пласманот: Сами си ја отежнавме работата

Германскиот стратег ја продолжува мисијата до Евро 2028

16/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.