Податоците на Управата за јавни приходи за 2025 година покажуваат дека голем дел од граѓаните се соочуваат со сериозни финансиски тешкотии, обвини денеска членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски.
Според неа, најголемиот дел од вработените во земјава примаат плати кои се под просечната и не се доволни за покривање на основните животни трошоци.
Презентирајќи податоци од УЈП, Цветановски изјави дека 73 проценти од вработените земаат плата пониска од просечната, додека околу половина од работниците месечно заработуваат меѓу 24.000 и 36.000 денари.
Таа посочи дека, споредено со минималната потрошувачка кошничка, која изнесува околу 70.000 денари, голем број семејства не можат да ги покријат основните месечни трошоци.
„Ова е реалната состојба. Голем дел од граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Животот е сè поскап, а кризата не стивнува“, изјави Цветановски.
Од СДСМ предупредија дека најавеното поскапување на горивата ќе предизвика нов раст на цените и дополнително ќе ги зголеми трошоците за живот.
Опозициската партија ја обвини Владата дека не презема доволно мерки за подобрување на животниот стандард, наведувајќи дека не го продолжува растот на платите и не ја прифаќа нивната иницијатива минималната плата да изнесува 600 евра.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












