ВМРО-ДПМНЕ обвини дека градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој на последните локални избори ја доби поддршката од СДСМ и лидерот Венко Филипче, сноси одговорност за актуелната состојба со водоснабдувањето во градот.
Од партијата посочуваат дека случајот во Гостивар, каде што голем број граѓани побараа медицинска помош поради сомнеж за загадена вода за пиење, е последица на, како што наведуваат, несовесно и неодговорно работење на локалната власт и јавното претпријатие „Водовод“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, општинските власти не успеале да им обезбедат на граѓаните безбедна вода за пиење и побараа целосно расчистување на случајот и утврдување одговорност за сите инволвирани.
Во партиското соопштение се наведува дека на државата ѝ се потребни одговорни и професионални функционери кои ќе работат во интерес на граѓаните и ќе се грижат за нивното здравје и безбедност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












