Американскиот претседател Доналд Трамп привлече големо внимание за време на церемонијата по финалето на Светското првенство, каде што на новиот светски шампион Шпанија им ги врачи медалите и победничкиот трофеј.
На свеченоста присуствуваа и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, канадскиот премиер Марк Карни и мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.
Според експертката за читање од усни Никола Хикинг од компанијата LipReader Ltd, Трамп на секој шпански репрезентативец му ја повторувал истата порака додека му го врачувал медалот.
Како што тврди таа, американскиот претседател на секој играч му велел: „Ти си шампион“, а потоа додавал: „Неверојатен играч“.
Церемонијата беше проследена и со реакции од трибините, од каде што при појавувањето на Трамп се слушаа свирежи од дел од публиката.
Камерите го забележаа моментот кога Трамп заедно со Џани Инфантино го држеше трофејот при неговото врачување на шпанската репрезентација. По подигнувањето на пехарот, тој остана на средината на сцената, насмеан и со кренат палец, наместо веднаш да им го препушти централниот момент на фудбалерите.
Во еден момент Трамп беше снимен и како со еден од шпанските репрезентативци го изведува својот препознатлив гест со рацете. Дури откако Инфантино му сигнализираше да се помести, американскиот претседател се повлече од централниот дел на подиумот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












