Македонската фудбалска репрезентација го задржа 69. место на најновата ФИФА ранг-листа со 1.369,16 бодови, ист број како и на претходното рангирање.
Најголемата промена на врвот ја донесе триумфот на Шпанија на Светското првенство. Новиот светски шампион повторно се искачи на првото место, додека Аргентина, по поразот во финалето, падна на втората позиција.
Франција и Англија ги задржаа третото и четвртото место, Бразил напредуваше на петтата позиција, а Мароко испиша историја и за првпат се најде на шестото место на светската ранг-листа.
Португалија е седма, Белгија осма, Холандија деветта, а првата десетка ја комплетира Мексико.
Следното рангирање на ФИФА ќе биде објавено на 7 октомври.
Топ 10 на ФИФА:
Шпанија – 1.995,88 бодови
Аргентина – 1.970,37
Франција – 1.948,97
Англија – 1.922,83
Бразил – 1.804,92
Мароко – 1.803,99
Португалија – 1.787,85
Белгија – 1.778,36
Холандија – 1.775,54
Мексико – 1.754,30













