Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја разреши Олга Стефанишина од функцијата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Украина во САД.
Одлуката е објавена со официјален претседателски декрет, во кој се наведува дека Стефанишина е разрешена од дипломатската должност што ја извршуваше речиси една година.
Пред да биде именувана за амбасадорка во Вашингтон, Стефанишина ја извршуваше функцијата вицепремиерка на Украина.
Нејзиното разрешување е дел од поширокиот бран кадровски промени што претседателот Зеленски ги спроведува на повеќе клучни државни функции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












