Според најновите информации од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), на граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу 30 минути, додека на „Богородица“ за излез од земјата задржувањето изнесува приближно еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги чекања за влез и излез од државата.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но интензитетот на возила е зголемен на патните правци надвор од урбаните средини.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












