Македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски за првпат во кариерата ќе настапува надвор од Македонија. По одличната сезона во дресот на ТФТ, тој и официјално стана нов кошаркар на хрватскиот Дубровник.
Ташовски зад себе има успешна сезона во домашното првенство, во која бележеше просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар, со што беше еден од најдобрите играчи на ТФТ.
Со трансферот во Дубровник, македонскиот репрезентативец ќе го направи својот прв интернационален чекор во кариерата.
Неговиот нов клуб минатата сезона го освои петтото место во регуларниот дел од хрватското првенство, а настапот го заврши во четвртфиналето на плејофот, каде беше елиминиран од Задар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












