• Импресум
Saturday, July 11, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Академик Коцарев: Се направија предавства, Македонија од заробена стана понижена држава

30/12/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Академик Коцарев: Се направија предавства, Македонија од заробена стана понижена држава

Македонија од „заробена држава“ (што беше порано од 2006 до 2016 година) сега е премината во „понижена држава“, истакна претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев во интервју за ТВ Алфа.

-Периодот на владеење од 2017 година до денес најдобро се карактеризира со синтагмата „понижена држава“, дури може да се искористи терминот „демакедонизација на Македонија“, изјави претседателот на МАНУ.

Тој воедно спомена дека се извршени предавства кон македонскиот народ.

-Со Спогодбата од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ние во името на надежта за ЕУ интеграција, се откажавме од Македонците во Бугарија и во Грција и од одбрана на нивните права, тоа е застрашувачко, понижувачко, нечовечно, апсурдно, бесмислено – немам зборови со кои можам да го опишам тој чин. Како се чувствуваат Македонците во Егеј и во Пирин, нивните потомци во Македонија и во светот, по фактот дека македонската држава ги избриша нив? Зар тоа не е предавство? Што мислите вие, праша Коцарев.

Во делот за предавствата тој дури беше и поконкретен кој тоа го сторил.

-Дали се сеќавате на зборовите: „Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред парламентот и да бара промена на Устав заради промена на уставното име“? Тие зборови искажани од државник останаа во меморијата како надеж за достоинствена иднина, но тоа што се случи потоа, промената на Уставот, промената на уставното име, зар не е предавство на татковината, предавство на пријателите, па дури и предавство на Бога и на Исус, потенцира академик Коцарев.

Инаку, во подолгото интервју со новинарот Љупчо Цветановски во емисијата „Што не е јасно“, академик Коцарев посебно нагласи дека не треба да се заборави дека Македонија е мултиетничка општество, а не двоетничка општество и дека македонскиот јазик треба да биде интегративен во државата. Тој посочи и дека постојат решенија за излез од повеќедецениската криза во која се наоѓа државата и дека има решенија за просперитетна и достоинствена Македонија, но за тоа треба консензус меѓу интелектуалците, професорите, граѓаните на Македонија, оти опструкции во справување со кризата и спречување на дивеењето на политичките елити, ќе прават токму дел од владејачките и партиските врхушки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вести

Ѓоковиќ без одговор за моќниот Синер на Вимблдон

10/07/2026
Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон
Вести

Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

10/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Петер Маѓар: Конечно се ослободуваат милијардите од европските фондови

10/07/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена
Вести

Нова акција на Обвинителството: Приведени лекари во случајот со ботоксите

10/07/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Вести

Внесовте алкохол во студентски дом? Следува иселување и забрана од 5 години

10/07/2026
По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово
Вести

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
Следна вест
Кошаркарки се степаа на натпревар

Кошаркарки се степаа на натпревар

Најнови вести

Ѓоковиќ без одговор за моќниот Синер на Вимблдон

10/07/2026
Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

10/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Петер Маѓар: Конечно се ослободуваат милијардите од европските фондови

10/07/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

Нова акција на Обвинителството: Приведени лекари во случајот со ботоксите

10/07/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври

Внесовте алкохол во студентски дом? Следува иселување и забрана од 5 години

10/07/2026
По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.