• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Кире Лазаров ја заврши кариерата

07/06/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Кире Лазаров ја заврши кариерата

Еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот, македонската легенда, Кирил Лазаров, ја заврши кариерата. Кариерата на Лазаров од Борец, преку Пелистер Загреб, Веспрем, Ал Сад, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант, траеше цели 27 години. За Македонија настапуваше од 1999 до 2022 година.

Добивај вести на вибер
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, со писмо до навивачите го објави крајот на кариерата.

„Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но сепак очекувана. Тешка затоа што го работев тоа што го сакам, од срце, со многу страст и ентузијазам. На моја возраст не е нималку лесно да играш на високо ниво во клуб со големи амбиции и очекувања, и во лига чија национална репрезентација веќе две децении доминира во светот на ракометот.

Не сакав оваа одлука да ја соопштам многу порано, иако знаев дека е крај, дека е последна сезона. Сакав да бидам професионален и мотивиран, каков што бев во текот на целата моја кариера. Кога нешто работиш со голема љубов, можеш да поместиш граници.

Заминувам со гордо крената глава, играјќи за клубови-институции како Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселона, Нант. Клубови, градови и земји каде останував минимум пет години, што ја покажува обострано стекнатата доверба со луѓето со кои соработував. Довербата се стекнува со многу труд, посветеност, константност… Тоа посебно ме прави горд што не затворив врата во тие спортски институции. Почнувајќи од мојот матичен клуб, Овче Поле, преку Борец и Пелистер, полека, со правилни одлуки и цврсто на земја, без никакви илузии, зачекорив со Европа.

Многу титули, многу успеси и разочарувања, подеми и падови, победи и порази, ситуации каде некогаш не се гледал излез, но со многу верба, посветеност и чесност успевав да застанам на нозе и да продолжам понатаму.

Посебно ми е драго што, покрај обврските кон овие ракометни институции, наоѓав, време, желба и страст да бидам во служба на нашата национална репрезентација. 25 години и дванаесет големи натпреварувања со една мала земја, секогаш аутсајдер против големите, секогаш со голема верба дека Давид може против Голијат, играјќи дури и во петтата деценија од животот за својата земја, ми дава за право секого да погледнам во очи, дури и некогаш да не сум исполнил нечие очекување.

Јавно се заблагодарувам на моето семејство за поддршката целиот овој период.

Благодарност за моите блиски луѓе, кои не се многубројни, но не се ни малкубројни. Самите ќе се препознаат во овие зборови. Благодарност до сите фанови кои ги имав во голем број во текот на целата моја кариера, кои знаеја да препознаат тешки ситуации и дадат поддршка кога е најпотребно заедно да се радуваме, па дури и во болните порази, од кои заеднички излегувавме посилни.

Завршувањето на играчката кариера е само едно кратко довидување од ракометот. Мојот веќе новозапочнат предизвик е тренерскиот повик и верувам дека и тука заеднички ќе се радуваме, тагуваме и надградуваме, поместувајќи нови граници.

Моето мото кое пак ќе ме води ќе биде – СЕКОГАШ НА ПОБЕДА“, пиша Лазаров.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Димот од пожарите во Канада го загадува воздухот во САД
Ударни вести

Димот од пожарите во Канада го загадува воздухот во САД

17/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

17/07/2026
Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината
Вести

Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината

17/07/2026
Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик
Вести

Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик

17/07/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: За девет месеци обезбедивме инвестиции од 990 милиони денари, следуваат нови капитални проекти во Прилеп

16/07/2026
Следна вест
34-годишник го запалил центарот „Иван Михајлов“ во Битола

34-годишник го запалил центарот „Иван Михајлов“ во Битола

Најнови вести

СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
Повеќе од 50 домови изгореа во разорен пожар во Норвешка

Повеќе од 50 домови изгореа во разорен пожар во Норвешка

18/07/2026
Денеска нѐ очекува топло време со мала облачност

Жештините продолжуваат, утре локално и до 40 степени

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.