• Импресум
Tuesday, July 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Парада на гордоста во Атина – една од помасовните во изминатите години

19/06/2022
Време за читање: 2 минути
A A
Парада на гордоста во Атина – една од помасовните во изминатите години

Со пораки против хомофобијата, трансфобијата, расизмот, дискриминацијата и нееднаквоста, со пораките „Љубовта е слепа, а не хомофобична“; „Водете љубов, а не војна“; „Човеку, љуби“, илјадници граѓани маршираа на традиционалната парада на гордоста во Атина под слоганот „Безусловно“, за која учесниците и организаторите велат дека беше една од помасовните во изминатите години, јави дописничката на МИА од Атина.

Плоштадот Синтагма и улиците во грчката метропола беа исполнети со боите на виножитото, со музика, насмевки, но и оптимизам дека дискриминацијата ќе биде минато, а припадниците на ЛГБТ+ заедницата ќе имаат еднакви права, нешто што и самите го истакнуваат.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина велат дека парадата има и двојно значење бидејќи не е само еден убав настан и забава, туку и можност да ги изразат нивните барања да добијат еднаквост, да ги добијат просторот и правата што треба да ги има секој човек.

Сепак, истакнуваат дека ситуацијата е подобрена и во минатото беа направен чекори во правилна насока.

-Ситуацијата за ЛГБТ+ заедницата е многу подобрена. Го гледаме тоа и сега. Некои се дојдени со нивните деца, има семејства и мислам дека веќе сме на добар пат ова да стане нешто нормално, во свеста на луѓето да биде нормално. Секако постојат уште многу „мрачни точки“, многу расизам, хомофобија итн, вели за МИА Јоргос Калогеропулос од здружението „Proud seniors Greece“, односно група за поддршка на ЛГБТ+ лицата на возраст над 50 години.

„Athens pride“  доби и политичка и дипломатска поддршка, со оглед на тоа дека учествуваа и претставници на грчките политички партии, како и на дипломатскиот кор во Атина.

На плоштадот Синтагма беа поставени штандови, а меѓу нив и оние на владејачката Нова демократија, како и на опозициските СИРИЗА и ПАСОК- Движење на промена.

Штандовите ги посетија и низа грчки политичари, министри од Владата, но и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, кој вчера, заедно со членови од неговата партија до Парламентот доставија предлог закон за истополови бракови и правото за посвојување деца да важи за сите парови.

Токму овие се и дел од барањата на ЛГБТ+ заедницата, со оглед на тоа дека во Грција, единствено е признат и законски договорот за соживот, но не и бракот, а не е дозволено посвојување деца од истополовите парови.

-Сигурно е дека се направени чекори. Не сме онаму каде што бевме пред 10-15 години. Секако овие чекори се благодарение на голема битка на одредени луѓе. Но, сепак, гледаме дека не се направени храбри чекори од страна на државата. Поконкретно, постои договор за соживот, но ова е половично. Не постои брак, не постои посовојување, треба да се смени и расистичкиот закон каде што не е вклучен говор на омраза. Постојат уште многу работи кои треба да се сменат, вели за МИА Ана Аперги од Асоцијацијата за поддршка на трансродовите лица.

Парадата започна пред грчкиот Парламент, учесниците над два часа парадираа низ улиците во центарот на Атина, а по завршувањето се одржа голем концерт на плоштадот Синтагма.

„Athens pride“ се одржува секоја година кон средината на јуни, а првата парада на гордоста беше во 2005 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија
Вести

Македонија без промена на ФИФА рангирањето, Шпанија го презеде првото место

21/07/2026
Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес
Вести

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

20/07/2026
Протест на Независниот синдикат на здравствени работници пред МЗ
Вести

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, информираат од МЗ

20/07/2026
Ох, пак со нов закон ќе го штитат Охрид од градежно насилство
Вести

Засилени контроли на улиците и патиштата во Охрид за време на високата посета

20/07/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активен пожар во Старо Нагоричане, пет се изгаснати

20/07/2026
Полицијата бара две малолетнички кои синоќа го напуштиле семејниот дом
Вести

Полицијата спречи опасен превоз на автопатот Велес – Скопје

20/07/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за петок, 24 декември 2021 година

Дневен хороскоп за 20 јуни

Најнови вести

Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија

Македонија без промена на ФИФА рангирањето, Шпанија го презеде првото место

21/07/2026
Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

20/07/2026
Протест на Независниот синдикат на здравствени работници пред МЗ

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, информираат од МЗ

20/07/2026
Ох, пак со нов закон ќе го штитат Охрид од градежно насилство

Засилени контроли на улиците и патиштата во Охрид за време на високата посета

20/07/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активен пожар во Старо Нагоричане, пет се изгаснати

20/07/2026
Полицијата бара две малолетнички кои синоќа го напуштиле семејниот дом

Полицијата спречи опасен превоз на автопатот Велес – Скопје

20/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.