• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Проф. д-р Миленковски: Со Законот за високо образование не смее да се експериментира!

17/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Проф. д-р Миленковски: Со Законот за високо образование не смее да се експериментира!

На денешното утринско гостување во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио
Лидер, проф. д-р Аце Миленковски, ректорот на Универзитетот за менаџмент и туризам во
Скопје, прецизно ги лоцираше причините за падот на квалитетот на високото образование во
државата.
Според Миленковски, главната причина е Законот за високо образование, кој го
квалификуваше како „катастрофално лош“ и „регионален срам“, поради тоа што суштински се
менува многу често. Миленковски истакна дека, за разлика од европската практика, како на
пример во Хрватска, каде што изборот во звање го врши национална комисија под строги
критериуми, кај нас овој процес е многу лабав и се одвива во рамките на секој универзитет
поодделно.
„Професорите од Хрватска што доаѓаа кај нас да држат предавања, ги слушав и ги гледав низ
годините наназад, под каков притисок живеат кога се во избори на вонреден професор, кога се
во избори на редовен професор, особено кога се во избори на редовен професор во трајно
звање. Е сега кај нас, кога ќе ве изберат за редовен професор, автоматски сте избрани во
трајно звање. Каков е тој автоматизам, јас не знам“, посочи проф. д-р Миленковски. Поради
ова, според Миленковски, науката кај нас се сведува на публикување научни трудови главно
во рамките на државата, што е една од причините за паѓањето на најголемиот државен
универзитет „Св. Кирил и Методија“ на светските ранг-листи на најдобри универзитети.
Осврнувајќи се на проблемите со кои се соочуваат приватните универзитети, ректорот посочи
дека сите влади досега ја опструирале нивната работа, барајќи го во нив главниот „виновник“
за падот на квалитетот на високото образование. Според Миленковски, имајќи предвид дека
од целокупниот број студенти во државата, вкупно 5-6% студираат на приватните факултети,
нелогично е вината да се бара во нив.
„Нас нѐ препознава бизнис-секторот, тој ги вработува нашите кадри“, посочи Миленковски,
додавајќи дека над 70% од кадрите што поминале низ Универзитетот за туризам и менаџмент
од неговото формирање до денес се вработени, што е доволен доказ за неговиот квалитет.
Миленковски упати и апел до младите да останат во Македонија и да придонесат кон
нејзиниот развој, зашто само во својата татковина можат да бидат свои на своето и да
доживеат вистински успех справувајќи се со предизвиците дома.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар
Вести

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство
Вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
Вести

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
Следна вест
Мицкоски повика со референдумот истовремено да се одржат и предвремените избори

Мицкоски: Со правилно менаџирање на енергетските ресурси, Македонија нема да има потреба од увоз на струја

Најнови вести

Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Девојка пријавила дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба

18/07/2026
Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

Град Скопје обезбедува вода за жителите на Гостивар

18/07/2026
Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Наскоро одговори за масовните стомачни тегоби во Гостивар, најави Мицкоски

18/07/2026
Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.