Во рамки на превентивниот проект на СВР Скопје „Безбедност во училиштата“, во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се одржа првата едукативна работилница. За настанот на својата Фејсбук-страница објави и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
-Оваа работилница која ја спроведуваат полициските службеници доаѓа во вистинско време кога во неколку населби се организираат групни тепачки. Преку едукативните работилници, учениците ќе ги спознаат негативните последици од ваквите активности и булингот кој е присутен уште во основните училишта. Во рамки на овие активности ќе биде формиран и Клуб за превенција во две училишта, кој ќе делува во насока на намалување на сите облици на насилство меѓу учениците, напиша Герасимовски.
Покрај „ООУ Св. Кирил и Методиј“, вакви корисни работилници ќе се одржуваат цела учебна година, два пати месечно и во ООУ „Кочо Рацин“, каде опфатени ќе бидат учениците од 7-мо, 8-мо и 9-то одделение.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












