• Импресум
Tuesday, June 30, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Непознати дронови ја зголемија борбената готовност во Србија, доаѓат ли од Косово?

02/11/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Непознати дронови ја зголемија борбената готовност во Србија, доаѓат ли од Косово?

Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди да се зголеми борбената готовност на земјата откако беспилотни летала биле забележани над територијата на централна Србија. Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека борбената готовност е зголемена откако беспилотни летала биле забележани над територијата на централна Србија.

-Ме можам да кажам чии се дроновите но тие доаѓаат од територија на Косово. Претседател Вуќиќ издал наредба секој таков објект да биде елиминиран или ставен под наша контрола, изјави овој министер за РТС.

Според Вучевиќ, сите набљудувани беспилотни летала доаѓале од два правци од Косово, по линијата на копнената безбедносна зона, со „повремени навлегувања на територијата на централна Србија и обиди да се набљудуваат позициите на единиците на српските вооружени сили и одредени објекти“.

Тој додал дека српската армија има информации дека беспилотни летала биле забележани не само во округот на Рашка, туку и во окрузите Топлич и Нишава.

Дел од српските медиуми вчера објавија неофицијални информации дека беспилотни летала снимале активности во копнената безбедносна зона и две касарни, односно дека летале над Мердар и околината на Рашка, на границата со Косово и на југот на Србија.

Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај вчера во објава на Фејсбук изјави дека тврдењата дека беспилотните летала доаѓаат од Косово се само изговор за зголемување на бројот на војници на српската армија околу границата со Косово и средство за ширење паника меѓу граѓаните.

-Во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за наводно движење на непознати беспилотни летала од територијата на Косово над областа Рашка, ги известуваме граѓаните дека овие тврдења се целосно лажни, а секој таков дискурс е изговор за зголемување на бројот на војници на српската армија околу границата со Република Косово, како средство за ширење на состојба на паника меѓу граѓаните на двете земји, објави Мехај.

Односите меѓу Србија и Косово деновиве станаа тензични откако косовските власти од вчера почнаа со спроведување на планот за пререгистрација на возилата на косовските граѓани издадени од Србија со оние што се пропишани со законите на Република Косово. Одлуката предвидува санкции за сите оние што нема да ги заменат српските со косовски регистарски таблички.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Државниот секретар на САД ја нагласи улогата на Европа на Минхенската конференција
Вести

САД предупредуваат на хаос ако Иран воведе наплата во Ормуската Теснина

25/06/2026
Следна вест
Повторно дојави за бомби во гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Корчагин“, „Никола Карев“…

Повторно дојави за бомби во гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Корчагин“, „Никола Карев“…

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.