• Импресум
Wednesday, July 8, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија се бореше, но не можеше до славје против Португалија

10/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Македонија се бореше, но не можеше до славје против Португалија

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Португалија со резултат 23-29, прв неуспех на нашиот национален тим во квалификациите за ЕП 2024. „Црвено-жолтите“ имаа максимално позитивни моменти, во второто полувреме успеаја и да го свртат резултатот во своја полза, но недостатокот на искуство, надополнет со чудниот критериум на српските судии, придонесе на крајот да биде претрпен нереално убедлив пораз од конечни „минус шест“.

Македонија го почна натпреварот со Митревски на голот, Цветан Кузманоски и Костески на крилните позиции, Филип Кузмановски, Џонов и Јагуриновски како бекови, додека Никола Маркоски и Костадин Петров ротираа при промените напад – одбрана за нашиот национален состав. Џонов го постигна првиот гол за почетно водство од 1-0, но потоа се соочивме со проблеми во нападот, па Португалија во 7. минута стигна до првото водство на мечот (1-2).  Цветан Кузманоски промаши зицер од крило при 2-3 кога Македонија имаше ракометар повеќе на теренот, по што гостите рутински ја одржуваа предноста.

На половина од првото полувреме, при негатива од 4-6 Лазаров се реши за промени во составот, целосно менувајќи ја бековската линија со Велковски, Митев и Ѓоргиев. Митревски одбрани неколку тешки топки, но проблемите во нападот останаа, за нецели две минути промашивме два седмерци (Цветан Кузманоски и Филип Кузмановски), па гостите поведоа со 4-8, пред Кире Лазаров да го побара првиот тајмаут на натпреварот.

Со головите на Џонов и на Велковски за момент ја вративме сигурноста во нападот, Митревски одбрани уште еден зицер, по што преку Костески од контранапад намаливме на 7-9. По реализираниот пенал на Серафимов, португалскиот селектор побара тајмаут при 8-10, но Македонија одговори со уште еден погодок, преку Петров за 9-10. Пресудно беше исклучувањето на Ѓоргиев при овој резултат, по кое гостите поведоа со 9-12. Судиите со неколку одлуки им помогнаа на Португалците, кои знаеја како да го искористат подарокот и на одмор заминаа со водство од 11-14.

Второто полувреме почна со далеку подобро издание на македонскиот национален тим, кој набрзина намали на 14-15. И слично како и во финишот првиот, така и на стартот од вториот дел Португалците добија помош од српските судии, враќајќи се на „плус три“ (14-17). При ово резултат на голот застана Мартин Томовски, добивме на сигурност во одбраната, но затоа во нападот повторно влеговме во низа грешки. Кире Лазаров побара тајмаут при 17-19, советите вродија со плод, па со два брзи гола и еден одлично одбранет зицер на Томовски, Македонија преку Митев стигна до израмнување од 19-19.

Атмосферата зовре, Филип Кузмановски со проектил донесе водство од 20-19, по што гостинскиот селектор беше принуден да побара минута одмор. Следеа два досудени пенала за гостите по кои Португалија повторно поведе со 20-21. Повторно следеа минути на криза во нападот, а Португалија го искористи тоа за да поведе со 20-23 на девет минути до крајот. Нов сомнителен пенал им помогна на Португалците уште повеќе да се одлепат, па Лазаров беше принуден да побара тајмаут при 21-25. Гостите сепак рутински го приведоа мечот до крај, славејќи со конечни 23-29.

Филип Кузмановски постигна пет погодоци, исто толку реализираше и Мартин Серафимов (сите од пенал), три пати прецизен беше Џонов, а по два гола постигнаа Петров и Костески.

Овие две селекции ги очекува уште еден меѓусебен натпревар, закажан за недела во Порто.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неверојатна битка во Лондон: По пет часовна битка, Ѓоковиќ повторно меѓу четирите најдобри
Вести

Неверојатна битка во Лондон: По пет часовна битка, Ѓоковиќ повторно меѓу четирите најдобри

08/07/2026
Селекторот на Египет бесен по елиминацијата: Најсрамното Светско првенство, овој натпревар беше наместен
Вести

Селекторот на Египет бесен по елиминацијата: Најсрамното Светско првенство, овој натпревар беше наместен

07/07/2026
Аргентина губеше 0:2, но Меси ја одведе до четвртфинале на светското првенство
Вести

Аргентина губеше 0:2, но Меси ја одведе до четвртфинале на светското првенство

07/07/2026
КуПС со голема предност пред реваншот, Вардар загуби на домашен терен
Вести

КуПС со голема предност пред реваншот, Вардар загуби на домашен терен

07/07/2026
Дури 24.549 гласачки ливчиња се неважечки, што ли граѓаните пишувале на нив?
Вести

Преговорите за Изборниот законик повторно без успех

07/07/2026
САД го завршија настапот на Мундијалот по тежок пораз од Белгија
Вести

САД го завршија настапот на Мундијалот по тежок пораз од Белгија

07/07/2026
Следна вест
Почина актерот Џордан, имаше само 29 години

Почина актерот Џордан, имаше само 29 години

Најнови вести

Војната го доведе во прашање настапот на Иран на Светското првенство

САД започнаа серија напади врз Иран, пријавени експлозии во повеќе градови

08/07/2026
Неверојатна битка во Лондон: По пет часовна битка, Ѓоковиќ повторно меѓу четирите најдобри

Неверојатна битка во Лондон: По пет часовна битка, Ѓоковиќ повторно меѓу четирите најдобри

08/07/2026
Селекторот на Египет бесен по елиминацијата: Најсрамното Светско првенство, овој натпревар беше наместен

Селекторот на Египет бесен по елиминацијата: Најсрамното Светско првенство, овој натпревар беше наместен

07/07/2026
Унгарските државни медиуми влегуваат во период на големи реформи

Унгарските државни медиуми влегуваат во период на големи реформи

07/07/2026
Аргентина губеше 0:2, но Меси ја одведе до четвртфинале на светското првенство

Аргентина губеше 0:2, но Меси ја одведе до четвртфинале на светското првенство

07/07/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Прилеп е подготвен за „Пиво фест 2026“, градот ги пречекува гостите од 17 до 19 јули

07/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.