• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Адвокати: Институциите, а не обезбедувачите, се виновни за трагедијата во „Пулс“

04/12/2025
A A
Обвинетите денеска се изјаснуваат за вина за трагедијата во „Пулс“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната оцени дека обвинението против обвинетите од обезбедувањето е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата ги посочија институционалните пропусти и недостигот од надзор. Во пожарот што се случи на 16 март годинава загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Бранителот на Јане Јанчевски, директор на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, адвокатот Јовица Страшевски, истакна дека не се исполнети елементите на кривичното дело што му се става на товар и предложи негово ослободување поради недостиг од докази. Тој оцени дека обвинението нема логичен заклучок и дека не е јасно наведено кои дејствија се поврзуваат со обвинетиот и кога наводно биле сторени.

Страшевски додаде дека, според него, диспозитивот на обвинението претставува измислено и хаотично извртување на вистината со цел да се создаде заблуда во јавноста. Нагласи дека обвинителството погрешно ја утврдило фактичката состојба во однос на делото што му се става на товар на Јанчевски, и дека ќе се докаже оти тој ниту бил ниту поттикнал сторување на кривично дело.

Адвокатот Дејан Стојчев, во одбрана на својот клиент, посочи дека не постои писмен договор за приватно физичко обезбедување помеѓу сопственикот на дискотеката и обезбедувањето, иако обвинението се темели како да постоел таков договор. Тој истакна дека рочиштето е шанса неговиот клиент да ја докаже својата невиност.

Адвокатот Зоран Зафировски во воведниот збор посочи дека неговиот клиент, обезбедувачот Лазар Захариев, покрај тоа што е обвинет, самиот претрпел последици од трагедијата. Захариев извлекувал деца и посетители од дискотеката повеќе од три часа, по што завршил на болничко лекување. Одбраната истакна дека тој имал обврска само за патролно обезбедување, а во објектот пристигнал два часа по настапот на групата ДНК, па затоа немал можност да види што се внесува во дискотеката.

Во своето излагање, Зафировски постави прашање за институционалната одговорност, особено поради тоа што во Општина Кочани една година немало инспектор за пожар, а контролата на пиротехника од страна на МВР постоела само на хартија. Захариев во својот воведен збор изјави дека му е жал што на кобниот ден не успеал да спаси повеќе животи.

Бранителот на обвинетиот обезбедувач Ивица Грозданов, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, истакна дека пожарот е последица на системски пропусти во државата. Тој рече дека се бара вина кај обезбедувачите за нешта што не биле во нивна надлежност, и дека Грозданов без писмен договор со агенцијата за обезбедување не можел да изготви план за обезбедување на дискотеката.

Давидовиќ нагласи дека надзорот на малолетници не е обврска на обезбедувањето и дека не претставува кривично дело. Одбраната на обвинетиот Мартин Ѓорѓиев, адвокат Елизабета Панева, исто така тврдеше дека ќе се докаже неговата невиност. Таа истакна дека обвинителството го товари Ѓорѓиев за непостапување согласно законот за приватно обезбедување, но дека неговата задача на кобната вечер била да става печат на влезниците, а не да врши проверка на идентитет. Како што рече, можноста да се направи проверка не значи и обврска.

На рочиштето, одбраната на обвинетите поранешни градоначалници посочи дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без конкретни факти што директно ги поврзуваат обвинетите со трагедијата. Претходно, одбраната на обвинетите градежни инспектори тврдеше дека причината за пожарот не била поврзана со конструктивни пропусти, и дека инспекторите немале основ за постапување без пријава или наредба. Сите обвинети изразија жалење и сочувство до семејствата на жртвите.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и голем број новинари.

На обвинителна клупа седат 37 лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Следна вест
Случајот ескалира: кривична пријава од МВР, демант од Костадинов

Случајот ескалира: кривична пријава од МВР, демант од Костадинов

Најнови вести

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.