• Импресум
Sunday, November 16, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Анкета на Стратум: Три процента предност на СДСМ, кај две третини од испитаниците финансиската состојба е подобра од лани

10/10/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Анкета на Стратум: Три процента предност на СДСМ, кај две третини од испитаниците финансиската состојба е подобра од лани

Анкета на Стратум: Три процента предност на СДСМ, кај две третини од испитаниците финансиската состојба е подобра од лани

На прашањето „Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори. Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избори?“, 20,1% од анкетираните се определиле за СДСМ, 18,3% за ВМРО-ДПМНЕ, а на третото место е ДУИ со 9%. Од испитаниците 14,3% одговориле дека нема да гласаат, покажува истражување на Агенцијата СТРАТУМ РиД спроведено последната недела од септември и првата недела од октомври, во кое е вклучена континуирано и секција за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и политички партии.

Кога би се пресметале гласовите само на граѓаните кои ќе излезат да го дадат својот глас на претстојните локални избори, тогаш СДСМ е во предност со 26,1% поддршка од избирачите, потоа ВМРО-ДПМНЕ со 23,8% и на третата позиција е ДУИ со 11,64%.

Резултатите од останатите прашања укажуваат на благ оптимизам споредено со периодот од Јули 2020, кога во првиот бран од пандемијата оптимизмот беше на најниско ниво.

Најголемиот дел од граѓаните во последните шест месеци ја оценуваат финансиската ситуација во домаќинството значајно подобра од претходните квартали односно се враќаат на ситуација како во јули 2020 кога се уште не беа почуствувани најсилно негативните последици веднаш по првиот бран на пандемијата.

На прашањето „Дали финансиската состојба во Вашето домаќинство се подобрила, влошила или пак останала иста во изминативе 12 месеци?“, се заклучува дека последните два квартала ситуацијата е подобра, откако во март годинава за време на вториот бран од пандемијата кај населението најсилно се почувствувале финансиските негативни последици од кризата.
Што се однесува до очекувањата во однос на финансиската состојба во домаќинството скоро кај една четвртина од населението дури е и подобрена, додека кај половината останала иста.

Истражувањето, како што соопштија од агецијата, се спроведува со директни интервјуа во домаќинствата на испитаниците односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства. Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%.

Агенцијата СТРАТУМ РИД (R&D- Истражување и развој) постои од 2015 година и има големо искуство во спроведување на различни видови истражувања, квалитативни и квантитативни, како и социо – економски истражувања. Агенцијата со својот тим има спроведено огромен број социо – економски истражувачки проекти, пред се за меѓународни донаторски организации, но и за домашни. STRATUM R&D доби голем број престижни признанија ширум светот во последните три години за ИМПАЛА, платформа за невромаркетинг. Во 2018 година, Светскиот форум за иновации ја прогласи за најинтригантен иновативен старт-ап во Луцерн, Швајцарија. Истата година, компанијата беше рангирана на прво место во повикот за предлози на Фондот за иновации и технолошки развој и доби грант за ИМПАЛА. Во 2020 година, бевме поканети да учествуваме на престижната конференција за вештачка интелигенција на Светскиот економски форум во Давос. Во 2020 година, ИМПАЛА беше финалист за Светскиот самит за претприемништво – програма на Обединетите нации за импакт претприемништво. STRATUM R&D е член на професионални организации ширум светот за истражување на пазарот: ESOMAR, Women in Research, NMSBA што е гаранција за имплементација на највисоките професионални стандарди и процедури како и за контрола на највисок квалитет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФФМ доби парична казна за исвиркувањето на бугарската химна
Вести

За прв пат во историјата, на едно коло пред крајот на квалификациите – Македонија во игра за првото место во групната фаза

15/11/2025
Големи емоции на терен и на трибини: БиХ знае како да ја прослави победата и најмалку изборен бараж за СП
Вести

Големи емоции на терен и на трибини: БиХ знае како да ја прослави победата и најмалку изборен бараж за СП

15/11/2025
Косово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж
Вести

Косово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж

15/11/2025
Велс победи само минимално, Македонија и со реми во Кардиф ќе биде во предност
Вести

Велс победи само минимално, Македонија и со реми во Кардиф ќе биде во предност

15/11/2025
Ново финале Алкараз – Синер
Спорт

Ново финале Алкараз – Синер

15/11/2025
ЗНМ: Партиските тензии кон новинарите се непотребни, Ковачевски да не бара вина кај новинарите
Вести

Здружението на новинари поднесе пријава до МВР за малициозен онлајн напад врз профилите на „Слободен печат“

15/11/2025
Следна вест
Српски амбасадор фатен со 12 куфери со пари

Српски амбасадор фатен со 12 куфери со пари

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.