• Импресум
Sunday, July 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

АВСТРАЛИЈА ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА

19/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
АВСТРАЛИЈА ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА

Не го признава Ерусалим за главен град Израел

Палестинците ја поздравија одлуката на Австралија да го повлече признавањето на Западен Ерусалим како главен град на Израел, потег на Канбера што наиде на остри критики од израелските лидери.

„Ја поздравуваме одлуката на Австралија за Ерусалим и нејзиниот повик за решение со две држави согласно меѓународното право“, објави на Твитер палестинскиот министер за цивилни работи Хусеин ал Шеик.

Тој го пофали „тврдењето на Австралија дека идниот суверенитет над Ерусалим зависи од трајното решение засновано врз меѓународното право“.

Шефицата на австралиската дипломатија Пени Вонг, најавувајќи ја промената на политиката на лево-центристичката австралиската Влада, рече дека одлуката за статусот на Ерусалим треба да се донесе во рамки на мировни преговори меѓу Израел и Палестинците, а не еднострано.

„Нема да поддржиме пристап што го поткопува решението за две држави. Австралиската амбасада отсекогаш била и останува во Тел Авив“, рече таа.

Премиерот на Израел Јаир Лапид ја нарече „избрзан одговор“ таквата одлука на Канбера.

„Ерусалим е вечната и обединета престолнина на Израел и тоа нема ништо да промени“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Лапид.

Во 2018 година конзервативната влада на Австралија предводена од Скот Морисон, го следеше примерот на тогашниот американски претседател Доналд Трамп и го призна Западен Ерусалим за главен град на Израел.

Таквиот потег наиде на негодување во Австралија и доведе до затегнување на односите со соседна Индонезија, земја со најголемо муслиманско население во светот, привремено нарушувајќи го билатералниот договор за слободна трговија.

И Палестинците и Израелците го присвојуваат Ерусалим, а повеќето од државите одбиваат да го признаат за главен град на било која од двете страни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција
Вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Бензините поскапуваат, дизелот поевтин
Вести

Утре нови цени на горивата, се очекува ново поскапување

19/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Високи температури низ Македонија, попладне локална нестабилност

19/07/2026
Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв
Вести

Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв

19/07/2026
Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал
Вести

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

19/07/2026
Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница
Вести

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
Следна вест
МНР ќе прати протестна нота за навредата на Џамбаски до Ковачевски

МНР ќе прати протестна нота за навредата на Џамбаски до Ковачевски

Најнови вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Бензините поскапуваат, дизелот поевтин

Утре нови цени на горивата, се очекува ново поскапување

19/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Високи температури низ Македонија, попладне локална нестабилност

19/07/2026
Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв

Киев трет ден на нозе, расте незадоволството од воениот врв

19/07/2026
Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

Англија ја совлада Франција со 6:4 и го освои бронзениот медал

19/07/2026
Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница

Непознати лица пукале кон деловен објект во Тетово

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.