• Импресум
Sunday, July 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

МНР ќе прати протестна нота за навредата на Џамбаски до Ковачевски

19/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
МНР ќе прати протестна нота за навредата на Џамбаски до Ковачевски

Официјална протестна нота до Бугарија поради последната изјава на европратеникот Ангел Џамбаски кој упати навреди на адреса на премиерот Димитар Ковачевски и изрази отворени територијални претензии, ќе прати министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој денеска изјави дека Џамбаски ги надминал сите граници на провоцирање.

-Иако се обидувавме да го игнорираме, овојпат ги надмина сите граници на провоцирање.Според сите меѓународни и билатерални договори има основа да се реагира до бугарската држава, бидејќи искажува територијални претензии и навредлив говор, рече Османи.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски вчера во видео-обраќање пред картата на „Голема Бугарија“ жестоко реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека не го познавал кој е тој и дека македонизмот секогаш ќе го има.

– Ако добро се сеќавам, Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите на бившите премиери Бојко Борисов и Зоран Заев. Носеше папки, работеше некои бирократски работи, нешто како машка секретарка. Тоа е задачата на сите исполнувачи на туѓа волја. Тој е само фасада, тој ја исполнува волјата на Белград и на Кремљ. Ние Бугарите сме дел од Европската унија, а вие србоманите не сте, рече Џамбаски.

Министерот Османи најави дека ќе го отвори со Софија и прашањето за настапите на претседателот на бугарската историска комисија, Ангел Димитров, како и тоа за отворањето на бугарските клубови со надвредливи имиња. Притоа оцени дека не му е јасна целта на ваквите провокации бидејќи не се на штета само на македонските граѓани туку и на штета на бугарската заедница, место да го искористи договорот со Бугарија да се етаблира подобро во земјата.

-Дури помислив дека трета страна е инволвирана во тоа и дека таа сака да ни ги расипе односите со бугарската заедница во државава, порача Османи .

Тој побара време да добие повеќе детали околу информацијата за затворање на македонскиот клуб во Благоевград пред да излезе и да коментира.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По критиките од јавноста, демонтиран спорниот билборд на влезот во Скопје
Вести

По критиките од јавноста, демонтиран спорниот билборд на влезот во Скопје

19/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните

19/07/2026
Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“
Вести

Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“

19/07/2026
Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција
Вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Бензините поскапуваат, дизелот поевтин
Вести

Утре нови цени на горивата, се очекува ново поскапување

19/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Високи температури низ Македонија, попладне локална нестабилност

19/07/2026
Следна вест
Лажна дојава за бомба

Лажна дојава за бомба

Најнови вести

По критиките од јавноста, демонтиран спорниот билборд на влезот во Скопје

По критиките од јавноста, демонтиран спорниот билборд на влезот во Скопје

19/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните

Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните

19/07/2026
Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“

Туристички бран создаде километарски колони на ГП „Дојран“

19/07/2026
Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Бензините поскапуваат, дизелот поевтин

Утре нови цени на горивата, се очекува ново поскапување

19/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Високи температури низ Македонија, попладне локална нестабилност

19/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.