Двајца 30-годишни мажи од Скопје се пронајдени мртви во викендица во селото Горна Ѓоновица, во близина на Гостивар, потврдија од СВР Тетово.
Случајот бил пријавен синоќа пред полноќ, по што на местото на настанот излегле полициски екипи и јавен обвинител. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавниот обвинител, телата се предадени на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта. Засега од полицијата не соопштуваат повеќе детали.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












