Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот на Италија откако во Ријад го елиминираше Интер по изведувањето пенали со 3:2. Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 1:1.
Иако Интер имаше теренска иницијатива и беше подобар противник во поголемиот дел од натпреварот, тоа не успеа да го круниса со победа. „Нероаѕурите“ поведоа уште во втората минута преку Маркус Турам, кој прецизно реализираше за рано водство.
Болоња успеа да се врати во игра во 35. минута, кога Рикардо Орсолини беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат по 90 минути.
Во пенал-серијата, клучна улога одигра голманот на Болоња, Федерико Раваља, кој ги одбрани ударите на Алесандро Бастони и Леонардо Бони, додека Николо Барела не беше прецизен и шутираше над голот.
Финалниот натпревар од Суперкупот ќе се игра во понеделник од 20 часот, а противник на Болоња ќе биде актуелниот шампион на Италија, Наполи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












