• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ЦУК: Вчера имало вкупно 30 пожари на отворено, од коишто 5 се уште се активни

14/09/2023
Време за читање: 1 минути
A A
ЦУК: Вчера имало вкупно 30 пожари на отворено, од коишто 5 се уште се активни

Центарот за управување со кризи извести дека вчера имало вкупно 30 пожари на отворено, од коишто се изгаснати 25, според добиените известувања до утрово во Секторот за операции и координација во ЦУК.

Активни пожари има пет, според известувањата до утрово, во:

– Општина Битола 1 пожар с.Новаци (каде што гори ниска вегетација и стрниште);

– Општина Долнени 2 пожара, с.Рилево (ниска вегетација и деградирена шума) и с.Кошино (ниска вегетација и деградиране шума);

– Општина Гостивар, 1пожар помеѓу селата Горно Јеловце, Долно Јеловце и Дебреше (пасишта) и во

– Општина Куманово, 1 пожар спроти Мотел Романовце автопат Куманово-Скопје (каде што гори ниска вегетација);

Изгаснати се 25 пожари на отворено, од коишто пет на територијата на Град Скопје.

Како што информира регионалниот ЦУК Скопје со вкупните противпожарни дејства на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје врз пожарите на отворено: во период од 11:20 до 13:30 часот со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале во гасење на запалена ниска вегетација и отпадоци на површина од 3.000 м2 во населбата „Илинден“ (Општина Илинден); од 13:10 до 15:30 часот со четири ПП возила и 11 пожарникари интервенирале во запалена ниска вегетација на површина од два хектара на ул. „Љубланска“ (Општина Карпош); од 13:55 до 14:55 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале врз запалена ниска вегетација и грмушки во населеното место Трубарево (Општина Гази Баба); од 16:20 до 18:20 часот со две ПП возила и пет пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, куќа и сандаци за пчели на површина од 10 хектари во населеното место Лисиче (Општина Аеродром), и во период од 16:30 до 17:50 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и отпадоци во двор од куќа во месноста „Бутелски Венец“ (Општина Шуто Оризари).

Другите пожари на отворено во државата биле во:

– Општина Прилеп 4 пожари, покрај ул. „Леце Котески“ кај затворот (ниска вегетација), кај Фабриката „11 Октомври“ (трва и отпадоци), с.Црнилиште (стрниште), с.Забрчани (ниска вегетација);

– Општина Кривогаштани 1 пожар, с.Боѓани (ниска вегетација и отпадоци);

– Општина Струмица 1 пожар, с,Бориево (ниска вегетација и пластеници);

-Општина Кичево 2 пожари, с.Арангел (ниска вегетација и стрниште), и с.Туин (ниска вегетација и стрниште);

– Општина Струга 3 пожари, кај „АС“ кампот, кај река Сатеска (стрниште), с.Долно Белича (стрниште), и с.Подгорци (стрниште);

– Општина Куманово 2 пожари, с.Никуљане (ниска вегетација), и с.Ваксинце (ниска вегетација и стрниште);

– Општина Липково 1 пожар, с.Никуштак (ниска вегетација);

– Општина Крива Паланка 1 пожар, с.Градец (ниска вегетација, ниско стеблеста шума, багрем, бор и овоштарници);

– Општина Ранковце 1 пожар, с.Опила (ниска вегетација и багрем);

– Општина Тетово 3 пожари, с.Дебарце (депонија), автопатот Тетово-Гостивар кај с.Боговиње (стрниште) и с.Ларце (ниска вегетација) и во

– Општина Чашка 1 пожар – помеѓу с.Долно Јаболчиште и с.Дреново (каде што горела нискостеблеста деградирана шума и дабова шума).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби
Вести

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа
Вести

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Возачот на брза помош од Врање во тешка состојба, уапсен Македонецот кој го прегазил со камион

22/07/2026
Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици
Вести

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Вести

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Следна вест
Вистинскиот Роналдо вистински скржавец

Вистинскиот Роналдо вистински скржавец

Најнови вести

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож

Возачот на брза помош од Врање во тешка состојба, уапсен Македонецот кој го прегазил со камион

22/07/2026
Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.