• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Д-р Кунгуловски: Ако сега во Македонија влезат бразилскиот и јужно-африканскиот сој најверојатно нема да преовладеат над британскиот

14/04/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Д-р Кунгуловски: Ако сега во Македонија влезат бразилскиот и јужно-африканскиот сој најверојатно нема да преовладеат над британскиот

За некој сој да стане доминантен, треба многу побрзо да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата (во случајов кај нас е британскиот). Во случајов, бразилскиот и јужно-африканскиот ги немаат тие својства.

Д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во приватната клиника „Жан Митрев“ го појасни дејството на мутациите во SARS-CoV-2 вирусот и врз основа на нив смета дека доколку сега во Македонија влезат бразилскиот и јужно-африканскиот сој најверојатно нема да преовладеат над британскиот сој, кој сега е масовно раширен.

„Како сој се дефинира тип на вирус што се разликува од изворниот според акумулација на мутации коишто водат до промена на неговите биолошки особини (пример, зголемена преносливост, зголемена смртност, избегнување на имун систем и слично).

Соевите како британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот се дефинирани од десетици мутации според коишто се разликуваат од изворниот Wuhan-ски сој, но фокусот е ставен само на 2-3 од нив.

– N501Y мутацијата – води до зголемена преносливост на SARS-CoV-2 вирусот. Ја има во британскиот, јужно-африканскиот и во бразилскиот сој.

Е484К мутацијата – води до зголемена имуноевазивност (избегнување на имуниот систем). Ја има кај јужно-африканскиот и во бразилскиот сој.

Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99% од сите новозаразени), а бразилскиот и јужно-африканскиот сој се пренесуваат подеднакво брзо или побавно од британскиот, истите доколку сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој.

За некој сој да стане доминантен, треба многу побрзо да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата (во случајов кај нас е британскиот). Во случајов, бразилскиот и јужно-африканскиот ги немаат тие својства.

Среќа во несреќа, засега“, анализира д-р Кунгуловски на својот профил на Фејсбук.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз
Вести

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

Следна вест

Шилегов да не го товари Скопје со нова администрација, самиот кажа дека 1.200 вработени се вишок

Најнови вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.